ВМРО-Народна ја промовира својата изборна програма

„Охрид- македонскиот Eрусалим, регионален, духовен, културен, туристички и економски центар- е мотото на општинската ВМРО- Народна партија.

 |  Тања Маленкова  | 
logo
лого

„Охрид- македонскиот Eрусалим, регионален, духовен, културен, туристички и економски центар- е мотото на општинската ВМРО- Народна партија.

За формирање Општински економски совет- меѓу другото ќе се залага кандидатот за градоначалник од ВМРО- НП , д- р Томе Гиноски. Основната функција на ова тело ќе биде да ја надгледува економската состојба во општината. При тоа да предлага мерки за расчистување на должничко- доверителските односи,  да се залага за искоренување на сиромаштијата и поттикнувањето на влезот на странски капитал.

Во изборната програма на Гиноски големо внимание се посветува и на општествената одговорност на работењето на општинската администрација.

pres Гиноски ветува дека ќе се залага и за формирањето на јавно претпријатие за урбанизам, за кој смета дека претставува болна тема за Охрид.
Акцент во изборната програма на Гиноски се става и на: донесувањето на Закон за Охрид, спречувањето на урбанистичкиот хаос, заштита на Охридското езеро и пастрмката, развој на образованието и здравството.
на денешната прес- конференција до јавноста се обрати и носителот на советничката листа на ВМРО- НП, Јоне Станковски.
Советниците од оваа партија во наредниот 4 годишен мандат, во соработка со граѓаните, ќе се залагаат за решавање на проблемите кои со години ги мачат охриѓани.

 

 

 

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top