Станува збор за луѓе со високи морални и интелектуални вредности, тврди претседателот на општинскиот комитет, Ванчо Костоски.
ВМРО- Народна партија ги објави конечните листи за советници со кои ќе настапи на претстојните локални избори во општините Охрид и Дебарца. „ Успешно ја спроведовме процедурата без никакви проблеми“, рече претседателот на ОК на ВМРО- НП, Ванчо Костоски.
На листите за советници се наоѓаат луѓе со високи морални и интелектуални вредности, познати и признаени во средината во која живеат и работаат. Воедно луѓе кои знаат да одговорат на потребите на граѓаните и да придонесат за покваллитетно работење на советот, велат од ВМРО- НП.
„На овие избори согласно и досегашната лојалност кон граѓаните ќе бидеме верни на традицијата, но со нови погледи кон иднината“, потенцира носителот на листата на кандидати за советници за општина Охрид, Јоне Станковски.
На листата на советници за општина Охрид меѓу првите десет имиња се наоѓаат и Александар Калачоски, вработен во ЈП Комуналец, економистот Стеванка Илиева, приватниот стопанственик Горан Велјаноски, Поликсена Проева- актуелен советник. предложени кандидати за советници се и Ѓуро Шурбаноски, Костадинка Наумоска, Боби Еленчески, Стефан Боев и Јулијана Сарафиноска.
ОК на ВМРО- НП на претстојните локални избори во општина Дебарца го подржува независниот кандидат за градоначалник- стоматологот Наумче Мицески. Мицески потенцира дека ќе се залага за подобрување на инфраструктурата , привлекувањето на инвеститори, економскиот развој, земјоделието и подобрувањето на здравствените услуги во општина Дебарца.
Носител на листата на кандидати за советници за општина Дебарца е Благојче Блажески, вработен во ЕВН.
Останатите предложени кандидати за советници се: Благојче Бегоски, Дијана Ѓореска, Благоја Јованоски, Димче Ѓорѓиески, Цана Скепароска, Наум Котески, Светозар Ставрески, Ѓурѓица Целеска, Душко Јованоски и Стојмирче Ѓорески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град