„ВМРО- НАРОДНА нема да згасне. Сега ќе имате работа со вистинското ВМРО“, порача на денешната прес конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-Народна, Ванчо Костоски.
„Апсолутно не е вистина дека ВМРО-НП згаснува“, информира на денешната прес конференција Ванчо Костоски, претседателот на О.К. на ВМРО-НП. Костоски додаде дека една политичка партија може да престане да постои да дејствува, само со одлука на највисокото тело, односно Централниот Комитет. Само ова тело може да донесе таква одлука, никој друг па, ни претседател на политичка партија. Костоски посочи дека изјавата на поранешниот претседател Маријан Додоски е своевидно додворување пред ВМРО-ДПМНЕ.
„Една огормна благодарност од мое лично име до Г-динот Никола Груевски и половина влада, бидејќи со оваа постапка, со ова купување на Г-динот Маријан Додоски ни направија голема услуга која ја чекавме 7 години, а неможевме да ја оставриме, односно враќањето на Г-динот Лубчо Георгиевски на чело на ВМРО-НП“ вели Костоски
На синоќа одржаниот состанок на Извршниот комитет на партијата, била потврдена оставката на Додовски а исто така била закажаната и седница на Ц.К. во недела, на која меѓу другото, ќе биде донесена одлуката за избор на Љубчо Георгиевски за ВД претседател, додека не се одржи конгресот на партијата кога Георгиевски, ќе биде назначен за претседател на партијата, информира Костоски. Информациите дека дошло до масовно преминување на членството од Народна во редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Костоски ги негира.
„Ние сме отворена демократска партија, кој ќлен сака слободно може да си оди, кој член ги исполнува условите може да дојде во нашата политичка партија.Апсолутно такво нешто не се случило во Македонија, а најмалку тука во Охрид“ објаснува Костоски.
Обвинувањата за коалицирање со Бранко Црвенкоски, Костоски ги отфрли како невистинити и истакна дека единствена одлука за некаква коалиција која ја донел Извршниот комитет, била одлуката за оформување на третиот блок заедно со партиите Достоинство и Обединети за Македонија, одлука која не се реализирала поради Додовски.Костоски додаде дека овие случувања нема да се одразат на соработката која оваа партија ја има со СДСМ на локално ниво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град