Прес конференцијата на СДСМ , од ОК на ВМРО ДПМНЕ ја отценуваат како празни зборови на измислена тематика. Граѓаните на Охрид ќе отценат кој напразно ветувал а кој ветува и исполнува, велат од ДПМНЕ.
Се додека СДСМ се занимава со отчетот на градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа јасно е дека станува збор за дела, бидејќи ВМРО во целост ја покажа својата отчетност кон граѓаните на Охрид, велат од ВМРО – ДПМНЕ, како одговор на денешниот прес на ОО на СДСМ Охрид. Но како што кажа портпаролот Никола Митровиќ граѓаните на Охрид добро знаат за празните ветувања на СДСМ. Митровиќ ги запраша охридските социјалдемократи дали со заминувањето од власт се амнестирале од како што рече, сите неправди кои ги направиле кон Охрид. Тој уште еднаш упати критика кон СДСМ за нивното 8годишно владеење во Охрид, кое го нарече мрачен период на тотален хаос во сите сегменти, од милионски долгови, до пренатрупана и неефикасна администрација, до урбанистички хаос и слично. Потребни ќе бидат години домаќинско работење, на Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески за да се исправи и анулира затекнатата состојба, додаде Митровиќ.
„Консолидирањето на трошоците и создавањето на ефикасна администрација е основа за подобрување на Локалната самоуправа. Кон тоа се стреми и целосно е посветена агендата на градоначалникот Бакрачески.
Но каква била агендата на СДСМ и колкави биле трошоците за службени патувања на администрацијата во време кога СДСМ беше на власт во Охрид?
Дали ќе бидете доблесни и да ги кажете бројките на потрошени средства кои сте ги користеле за службени патувања во периодот од 2005 до 2013 година март месец.
Бидете отчетни пред Вашите сограѓани и дадете објаснение во што граѓаните на Охрид увиделе корист од ваквите службени патувања и безцелно трошење на нивните пари?
Одговорете, Дали сте успеале да донесете некој инвеститор, или сте реализирале некоја странска капитална инвестиција“- вели Митровиќ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град