ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ да не ја заморува јавноста

Економските политики на Владата на ВМРО – ДПМНЕ, од кои корист имаат граѓаните, се симбол на посветеност на оваа Влада кон своите граѓани. Тој факт не треба да биде критикуван и манипулиран од страна на охридските социјалдемократи, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Николоска Биљана  | 
Mitrovic
Митровиќ

mitrovicСДСМ ја заморува јавноста со пресовите на кои ги објаснуваат активностите и заложбите на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид, обвинуваат од владејачката партија. Наспроти тоа, на јавноста добро и е познато кој работи, истакна гласноговорникот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Митровиќ. Тој на охридските социјалдемократи им порача, доколку сакаат да разговараат во интерес на граѓаните на Охрид, да се изјаснат за економските потези на Владата на ВМРО – ДПМНЕ.

„Нека нека се изјасни дали зголемувањето на  платите на вработените е за нив добар економски потег и во интерес на сите граѓани вклучувајќи ги и граѓаните на Охрид? Дали зголемувањето на пензиите на пензионерите според нив е добар или лош економски потег на Владата и дали според нив корист има таа категорија на наши сограѓани?
Дали проектот за вработување на социјално ранливи категории на граѓани е добар потег ? Дали инвестициите во образованието и изградбата на училишни спортски сали е во интерес на граѓаните или не е? Дали овие економски политики на Владата од кој корист секако дека имаат и граѓаните на Охрид за СДСМ не преставуваат симбол на посветеност на Владата и покрај периодот на тешки економски светски кризи?“ – прашува Митровиќ.

Митровиќ потенцира дека ВМРО – ДПМНЕ од Охрид сака да разговара за конкретни проекти, како и за нивната програма која ја следат.

vmro - dpmne „Јасно е дека се она што го имаме предвидено како активност во Охрид е многу тешко брзо да се  спроведе заради наследениот хаос оставен од СДСМ. И токму заради тоа СДСМ нема политичко лице неосновано да обвинува туку треба да се извинува на граѓаните на Охрид за се она што не го сработија во нивен интерес – вели Митровиќ.

Митровиќ за крај нагласи дека се додека СДСМ цитира проекти остварени од ВМРО – ДПМНЕ, се додека СДСМ цитира експозеа од градоначалникот Бакрачески, се дотогаш свесно или не, СДСМ признава дека ВМРО – ДПМНЕ посветено работи за разлика од нивниот период и манипулаторски период на владеење.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top