ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ оди упорно против народот

Тунтев бил еден од главните фактори за донесување на одлуки за  Охрид во периодот од 2009- 2013 година, одлуки од СДСМ кои биле постулати за самиот регрес на градот, се огласија денес од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Од таму обвинуваат дека СДСМ упорно како да оди против народот со тоа што  ги наградува личностите кои биле дел од тимот на СДСМ кој владеел во т.н мрачен период на Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro - dpmne
вмро-дпмне

СДСМ ги наградува личностите кои биле дел од тимот на владеење, за време на т.н мрачен период за Охрид, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ постави низа прашања до кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ Томислав Тунтев: Дали Тунтев знаел за долгот на градот и што направил за да го спречи финансиското тонење на градот? Кој бил ставот на Тунтев кога во 2013 година во предизборниот период ангажирале 320 нови лица и покрај тоа што знаел дека администрацијата е пренатрупана и кога знаел дека општината и ЈП се во финансиски колапс? Митровиќ исто така праша, дали Тунтев кој денес се обидува да ја спинува одлуката на ЈП Билјанини извори за набавка на електронска опрема по пат на ЈПП,  дали како заменик градоначалник и координатор на  мнозинска советничка група  се спротивставил на одземањето на паркинзите од истото претпријатие и давање под концесија на приватна фирма за минорна сума на средства за цели пет години? И за крај од ДПМНЕ прашаа, дали Тунтев ги знаел потрошените средства за репрезентации и службени патувања во периодот 2005-2013 година?

mitrovic„Неговите функции како советник во Советот на Општина Охрид, координатор на мнозинската советничката група на СДСМ како и функцијата Заменик градоначалник му давале големо влијание врз она што значи управување со  Охрид сепак какви биле Одлуките и начинот на  управување со градот, тоа најдобро можеме да го согледаме денес, кога Охрид е наследен со милионски  долгови, кога јавните претпријатија исто така беа наследени во катастрофална финансиска состојба, со урбан хаос и уште многу други негативности. И токму поради тоа бараме морална одговорност од довчерашниот висок функционер на Локалната самоуправа Охрид, а денешен лидер на Општинската организација на СДСМ и најверојатно пратеник во идниот состав на Собранието на Република Македонија… и прашуваме што е тоа што е впечатливо во неговата политичка кариера за градот Охрид па го наградуваат со високи партиски функции? Што Томислав Тунтев направил за градот Охрид?“ – прашува Митровиќ.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top