ОК ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ Охрид направи прес !!!!

Реакција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ.

 |   | 
vmro dpmne
вмро дпмне

Во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешниот прес на локалните социјалдемократи стои:

vmro dpmneСДСМ Охрид направи прес !!!! Без срам се обиде да повика на наводна успешност во нивното раководење со Охрид. Ако за СДСМ е успешност 8 години да се нема никаква капитална инвестиција во Охрид, ако за СДСМ е успешност урбанистичкото дивеење во Охрид на Локалната со гласовите на мнозинството на СДСМ и Народна, ако за СДСМ е успешност туристичкиот  хаос во Охрид со боксови,мириси и бучава,ако за СДСМ се успех новите бетонски кугли со кои ги загрозуваат животите на граѓаните и туристите, ако за СДСМ е успех новиот долг на Општината од преку 15 милиони евра од овој Градоначалник,ако за СДСМ е успех купот на кривични пријави против Градоначалникот и високи функционери на СДСМ во Охрид,ако за СДСМ е успех што со гласање им ги зголемија цените на комуналните услуги на граѓаните, ако за СДСМ е успех што овој Градоначалник не исполна ниту едно од силните ветувања, ако за СДСМ е успех лагата дека инвестирале во патиштата за Орман,Скребатно ,Велгошти а вистината е дека тоа се инвестиции на Владата, ако за СДСМ е успех што и Охрид но и светот се срами од однесувањето  и изјавите на Петрески, ако за СДСМ  е успех потрошени 8 буџети на Охрид (околу 60 милиони евра) за ништо, ако за СДСМ е успех хаосот што го создадоа во сите Јавни претпријатија во Охрид ,ако за СДСМ е успех корупцијата која ја јаде Општината Охрид и ако за СДСМ е успех бумерангот како единствена инвестиција во Охрид за 8 години, тогаш нека се гордеат со сите овие успеси. Ви благодариме но, за ОК на ВМРО ДПМНЕ овие тнр.успеси не се визијата за Охрид и жестоко сме против ваквиот однос.

Охрид е со загубено достоинство,Охрид назадува, Охрид е искраден од СДСМ и охриѓани многу бргу ќе ги поразат овие политики , ќе го поразат СДСМ во Охрид и конечно од наредната година Охрид ќе се врати на патот на  квалитетното управување и напредокот предводен од тимот на ВМРО ДПМНЕ .

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top