ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ е виновна за иселувањата на младите од Охрид

Младите во Охрид се жртви на манипулација, обвинува Илија Арнаудоски кандидатот за советник од листата на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Вината за иселувањето на младите од Охрид тој ја префрли на СДСМ Охрид за време на нивното владеење од 2007 до 2012 година.

 |  Николоска Биљана  | 

На половина од изборната кампања за Локалните избори 2017, Илија Арнаудовски, кандидатот од советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, со низа обвинувања за актуелната политика која ја води СДСМ, а посебно кон охридските пратеници и нивниот избор за кандидат за градоначалник на Охрид. Тој вината за поразителниот податок на Државниот завод за статистика за иселувањата на младите од Охрид ја фрли на СДСМ

СДС, Жаклина Лазареска, Томислав Тунтев и Јован Стојаноски, нудеа лажна перспектива за граѓаните, а особено младите и божемно привлекување на младите генерации. Зарем малку ви беа 8 години што ги протерувавте охриѓани и не ги оставивте да живеат и творат во Охрид. Охрид го претворивте во град на духови

Арнаудов вели дека СДСМ во 4 месечниот период на владеење нема со што да се пофали, што пак според него е мизерно.

Жаклина Лазареска, Томислав Тунтев, што направивте Вие овие 4 месеци за младите, за жал ништо. Пред избори како муви без глави одевте низ младите во Охрид ветувајќи им дека по завршувањето на своето образование ќе им понудите три опции со кои ќе им помогнете во животот, а тоа е практиканство вработување и дообука. Што остваривте од тоа, одважете се и одговорете. Охриѓани ја препознаваат расипничката политика на СДС затоа на 15 октомври ќе ги казнат нивните погубни политики и ќе изберат работа

Граѓаните не видоа ништо од од потрошените 420 милиони евра за период од 4 месеци, изјави Арнаудовски. Додаде дека младите во Охрид биле жртви на манипулација и дека тоа повеќе нема да го дозволат. Арнаудовски рече дека во Охрид доаѓа Новата ера која значи давање доверба на луѓето кои остваруваат дела.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top