Локална: ВМРО – ДПМНЕ конечно призна дека локалната самоуправа работи и гради

Реакција од Локалната самоуправа на прес конфренцијата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Во неа стои: ВМРО – ДПМНЕ конечно јавно, пред граѓаните на Охрид, призна дека Локалната самоуправа работи и го гради Охрид.

 |   | 
opstina
opstina

Реакција од Кабинет на Градоначалникот на Општина Охрид на денешната прерс конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

opstinaВМРО – ДПМНЕ на денешната прес – конференција конечно јавно, пред граѓаните на Охрид, призна дека Локалната самоуправа работи и го гради Охрид. Конечно и тие ја видоа изградбата на Охрид, која што граѓаните континуирано ја препознаваат веќе седум години.
За разлика од централната власт, која не само што не е заинтересирана за Охрид, туку напротив, на секој можен начин и го омаловажува, ние, од Локалната самоуправа се чувствуваме како граѓани на Охрид, го сакаме и го почитуваме. Во тој контекст, сакаме да укажаме дека и понатаму ќе продолжиме да го градиме Охрид и да ја подобруваме патната инфраструктура.
Кога веќе спомнаа режим на сообраќај при реконструкција на патниот сообераќај, луѓето од ВМРО – ДПМНЕ слободно нека ги прашаат жителите на Скопје, каде градоначалник имаат од нивните редови, како тие се снаоѓаат на најфрекфентните улици во државата?!
Почитувани, ВМРО – ДПМНЕ е таа која е загрижена за рејтингот во Охрид. И тоа со право, затоа што еве веќе седум години не можат да имаат градоначалник на Охрид. Нервозата во нивните редови е потполно оправдана затоа што нема да имаат градоначалник и во наредните пет години. Уништувачите на Охрид, граѓаните ги препознаа уште пред седум години.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top