ВМРО-ДПМНЕ: Подржуваме инвестиции, но ДУП-от за Свети Стефан е незаконски

Контроверзниот Детален урбанистички план во Свети Стефан, за општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е доказ за незаконско работење на општината.

 |  Мишел Наумоски  | 

Потенцираа дека доколку градоначалникот не ги почитува препораките на инспекторатот и издаде дозвола за градба, ќе следува кривична пријава. Неправилностите во врска со урбанистичкиот план за Коњско, дел од туристички комплекс Св Стефан, кои ги утврдил Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво се само доказ дека овој ДУП незаконски бил донесен, обинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Од ДПМНЕ потенцираа дека во неколку наврати укажувале токму на тоа.

Atanasko Mihailov„Петрески насилно го истурка планот за комплексот Св.Стефан без да води сметка за Охрид и за самиот инвеститор. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ги подржуваме инвеститорите, инвестициите и сопствениците, но потенцираме дека секое носење на ДУП мора да биде во законска процедура, за да не се наштети најмногу на нив. Но, вистината излегува на виделина и правдата говори дека тој план е донесен во незаконска процедура со незаконски услови на кои ние укажувавме.“-вели претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека препораките кои Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво ги дал за ДУПот за Свети Стефан нема да бидат прифатени од Локалната.

„Од претходните искуства очекуваме дека Петрески ќе  избегне да ги почитува законите и одлуките. Доколку Петрески продолжи со процедура до издавање на градежна дозвола тогаш тој свесно ќе го прекрши Законот со што ќе направи кривично дело за кое казната е до 5 години затвор. Тоа отвора уште поголемо прашање , колку се ДУПови Петрески донел вон законот , колку ДУПови донел лажејќи ги граѓаните и инвеститорите. Колку ДУП-ови Петрески донел за да оствари лична корист?“-запраша Михаилов.

Михаилов за крај не пропушти да го потсети градоначалникот Петрески дека граѓаните ќе ги казнат ваквите грешки на локалната, на изборите во Март 2013 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top