Покрај ветувањата, цели шест месеци локалната не чепнала ништо од реализација на ветувањата за поголемите комунални зафати со кои требаше да се реши проблемот со атмосферската и комуналната канализација во многу делови од градот, обвинија денес на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
Локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески после најтурбулентното кратење на средствата во буџетот, само на хартија ги реализира ветувањата за поголемите комунални проблеми кои ги мачат не само жителите на градот Охрид ,туку и на населбите кои гравитираат кон Охрид, обвини на денешната прес конференција Лидија Петкоска – советник ВМРО-ДПМНЕ.
„Охриѓани имаат право да знаат дека и покрај ветувањата, цели шест месеци не се чепна буквално ништо во делот:
– Изградба на фекална канализација во населба Рача (краци меѓу регионален пат Охрид – Св.Наум и патека покрај Охридско Езеро)
– Изградба на улична фекална канализација на краци во селата Велгошти и Пештани;
– Изградба на улична фекална канализација и пречистителна станица во село Трпејца;
– Преприклучување на нова фекална канализација на улиците „Абас Емин“ и „Јане Сандански“;
– Улиците „7 Ноември“, „Егејска“, „Васил Главинов“, „Марко Цепенков“, „Момчило Јорданоски“, „Веле Марко“, „Александар Гушо“ и „1 Мај“ ќе причекаат за изградба на атмосферска канализација;
– Не се изработи проектна документација за фекална и атмосферска канализација;
– Не се изврши нивелирање и чистење на канализциона мрежа и шахти и не се променаа капаци.“ потенцира Лидија Петкоска – советник ВМРО-ДПМНЕ.
Таа за крај упати апел до апел до охриѓани, дека на времето на лажни ветувања и предизборни манипулации му доаѓа крај.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град