• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО ДПМНЕ Охрид: СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат брутална партизација на администрацијата

ВМРО ДПМНЕ Охрид: СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат брутална партизација на администрацијата

Oд Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид обвинуваат дека СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат брутална партизација на администрацијата.

 |   | 

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат брутална партизација на администрацијата, обвинија денес на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Прашуваат, дали за Георгиески важи флоскулата едно општество за сите ако институциите ги измениле своите акти за систематизација со единствена цел да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои им се однапред познати?

„Од една страна зборуваа за пренатрупана администрација и реформи, а од друга страна секојдневно во јавните претпријатија се отворат огласи, се прават нови систематизации, се преземаат вработени. Георгиески да одговори дали процесот на вработувања се одвива според годишните програми и потреби на институциите?“ кажа Перчо Божиновски – портпарол ВМРО-ДПМНЕ-Охрид.

Божиновски запраша и дали за работните места се вработуваат лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници. Тој посочи дека Георгиески и СДСМ го чувствуваат незадоволството од граѓаните, па сакаат да ги задоволат незадоволните партиски послушници во последен момент пред новите избори.

„Не можете незадоволството кај граѓаните да го прикриете со земањето К-15. Покрај тоа Јавните претпријатија немаат донесено одлука на Совет за висина на бодот, а партиски подобните земаат повисока плата од останатите иако сите имаат ист степен на образование. Го повикуваме Управниот инспекторат да ги испита овие сознанија. Дали законот не важи само за партиските луѓе како Васко Паскали и Александар Кузески, па не се санкционира назначувањето во управни одбори и раководни функции во институциите спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси?“ рече Перчо Божиновски – портпарол ВМРО-ДПМНЕ-Охрид.

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе бараат да се испита целата работа од страна на Државната комисија за спречување на корупција.Велат дека ваквите чекори не водат напред и кон подобрување на администрацијата туку напротив поради неодговорноста на оваа локална власт се уназадуваме во спроведувањето на европските стандарди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top