ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид јавно ја осудува хајката којашто се води против градоначалникот Пецаков додека властите молчат за премиерот Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид јавно ја осудува хајката којашто се води против градоначалникот Пецаков додека властите молчат за премиерот Ковачевски.
Ја информираме јавноста дека се работи за политички монтирани случаи за градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески. Сагата продолжува со избрзани и неосновани кривични пријави од страна на СВР Охрид. По партиска директива не дочекаа ниту да им заврши изолацијата и покрај добиените негативни тестови, па да ги повикаат на информативен разговор. Прашањето е како успеаа да ги соберат информациите и податоците без изјави особено од засегнатите страни, за така да ја состават кривичната пријава и да ја достават до надлежниот јавен обвинител Кривичните пријави не се ништо ново, туку продолжување на серијата за партиското делување на МВР. Доказ за тоа е дека Ковачевски и Зечевиќ ги изложија на ризик граѓаните, а за таквите чекори властите молчат. Зошто за МВР во овие случаи нема постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија? Факт е дека Ковачевски наместо во изолација при тестирање за патување во Бугарија беше пред камери, даваше изјави и се фотографираше на настани. Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, треба веднаш да поднесат кривични пријави за Ковачевски и Зечевиќ – велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град