ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков упатија искрени честитки по повод големиот празник 11-ти октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков упатија искрени честитки по повод големиот празник 11-ти октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
11-ти октомври – ден кога слободата победи и македонскиот народ се вброи меѓу предводниците на Антифашистичката борба. Охрид и Македонија имаат колективна заслуга во борбата против фашизмот. Да го сочуваме тоа што сме го наледиле од нашите предци, да се избориме за среќа и радост за ова парче земја и да создаваме светла иднина за сите. Нека се паметат вечно хеорите од Антифашистичката борба! – се вели во честитката на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
11-ти октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ е поука и аманет за сите Македонци за нашето постоење низ времето. Оруженото востание против фашистичкиот окупатор го симболизира непокорот на македонскиот народ и вечниот стремеж за слобода. Охрид и Македонија се нашата одговорност со цел подобра иднина за сите! Честит 11-ти октомври! Да живее Република Македонија! – се вели во честитката на кандидатот за градоначалник, Д-р Кирил Пецаков.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град