И од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, за јавни тоалети

Доза критика и сугестии околу јавните тоалети во Охрид, изнесени на денешната прес конференција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Добрите познавачи на урбаната сфера излегоа со конкретни предлози и мапа за можни локации на градски тоалети.

 |  Николоска Биљана  | 
pres vmro
прес вмро

Општина Охрид има пари, но нема воља за изградба на јавни градски санитарии или тоалети. Денес на оваа тема се огласија од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Овој проблем  години наназад се провлекува, а надлежните никако да го решат, истакна Горан Патчев, претседателот на Комисијата за урбанизам. Патчев вели дека во неколку наврати било укажувано на службите во Локалната самоуправа за големата потреба од изградба на јавни санитарни јазли, пред се поради големата фрекфенција на гости не само за сезоната туку и воопшто.
 
mapa„На инсистирање на туристичките водичи во градов кои се соочуваат со овој проблем ни укажаа на тоа како пример дека една тура само низ стариот дел на градот која трае 3 до 4 часа, нормално е туристите да имаат потреба да одат и во тоалет, а него никаде го немa“.

Во таа насока Комисијата за урбанизам изготвила и мапа на можни локации за изградба на јавни тоалети достапни за сите. Патчев ги посочи нивните предлози и апелираше до Локалната и градоначалникот да ги прифати за да се надмине овој горлив проблем.

„На паркот помеѓу Летница и амамот, кај рушената библиотека, кај Горна порта кај Античкиот театар“, вели Патчев.

panoski toaletiНа оваа тема, збор два околу финансиите за реализација на предлозите на Комисијата за урбанизам, за изградба на јавни тоалети, кажа и координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ , Дејан Паноски. Тој дециден дека мора од некаде да се почне, па макар и од најмалите работи.

„Недостигот на јавни тоалети е еколошки и туристички проблем на Охрид и тоа мора да се реши. проценката за локациите и за средства која што е искажана зафаќа од буџетот 900 000 денари и лесно можат да се обезбедат од стафката за јавна чистота која што во буџетот изнесува 14 милиони денари“.

Дали критиките и сугестиите на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, ќе најдат свое место кај надлежните, останува времето да покаже.
Како што е добро познато и нашиот медиум во повеќе наврати го актуелизираше овој проблем и начелно добивме најави дека во догледно време ќе се реши, но никој не кажа кога ќе се случи тоа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top