ВМРО- ДПМНЕ и бројните проекти

Работиме посветено, сериозно и одговорно за надминување на напластените проблеми.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro-dpmne
вмро-дпмне

Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, активен партнер во зачувување и унапредување на правата на работниците. Денес честитајќи го меѓународниот ден на трудот, жените од владеачката гарнитура се пофалија со нивните заложби во работењето како и за постигнатите резултати во социјалната сфера и унапредување на правата на жената.

„Наша идеолошка и програмска цел е да останеме активен партнер  во борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Тоа го правиме чесно искрено и посветено. Од нас нема да слушнете нереални ветувања, како она на опозицијата дека ќе вработат по еден од секое семејство, од нас нема да видите неодговорен однос, туку напротив ВМРО – ДПМНЕ покажува со дела дека се грижи за унапредување на правата на работниците“

dpmne zeniЈанкоска како доказ за сработеното ги посочи стотиците проекти реализирани во изминатиов период, меѓу кои оној за минималната плата, намалените стапки за придонеси за пензиско и здравствено осигурување, субвенциите за земјоделството, за енергијата како и за зголемувањата на полето во социјалата. Посебно ги потенцира проектите кои се однесуваат на положбата на жената и нејзините права.

„Во изминатиов период се донесе програма за рано откривање на болести на репродуктивните органи кај жената, на сите жени. На сите жени што се постари од 35 години им се овозможи да се стекнат со високо образование, доколку во минатото немале можност да го сторат тоа. Реализирано е ветувањето за парична поддршка за секое третородено дете. И реализирано е ветувањето за парична поддршка за секое четвртородено дете. Воведена е задолжителна вакцина против ХПВ. Доведена е и се спроведува координирана програма со која во организирани акции се прегледани околу 40 000 жени за карцином на дојка и матка. Донесена е и континуирано се спроведува националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство“.

Претседателката на жените од владеачката партија, вели дека секојдневно работат на терен и преземаат чекори за помагање на ранливите категории семејства во Охрид преку разни хуманитарни акциии, секако пред се на најзагрозените. Но Јанкоска потенцира дека постои простор за нивно подобрување, надградување, со цел да се направат промени за подобро утре на сите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top