Деновиве, откако ќе се отсранат диво поставените тезги, по средишниот дел ќе се постават типизирани куќички.
Деновиве, откако ќе се отсранат диво поставените тезги, по средишниот дел ќе се постават типизирани куќички.
Овие врмени објекти ќе бидат во сопственост на ЈП Охридски Kомуналец, а заинтересираните ќе можат да ги изнајмуваат.
„Новите објекти кои ќе бидат од времен карактер, ќе се постават на средишниот дел од влезот, и ќе бидат со мали димензии“, вели директоро на ЈП Охридски комуналец, Сашо Алчев.
„На овој начин ќе се реши проблемот со подвижните тезги“, додава тој.
Куќичките со мали димензии 2 метри на 2 ќе бидат во сопсвеност на ЈП и граѓаните ќе можат да ги изнајмуваат под закуп.
„ Планираме во иднина и за празниците НОВА Година, 8 ми март да поставуваме слични вакви, во замена на тезгите кои досега ги користевме од зелениот пазар, за сите поголеми пригоди на плоштадот“, додава Алчев.
„На овој начин Охрид ќе добие уште една специфика и ќе биде многу поатрактивен за гостите кои и преку зима ќе доаѓаат во Охрид“, вели в.д.дитекторот на ЈП.
Директорот на ЈП Охридски комуналц, најави и акција со која деновиве ќе ги дислоцираат тезгите, на влезот од пазарот од кај фонатаната.
„Не смее да постојат тезги надвор од зелениот пазар. Тие кои продаваат на овој простор имаат дивопоставени тезги, и не ни плаќаат никаков надомест“, вели Алчев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град