„Влегување во песната“ е расказот кој со поврзувањето на фолклорот и современото, успеа да го воодушеви жирито на конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“. Оваа престижна награда по возобновувањето се доделува по петти пат, а претставува и одличен начин за афирмирање на младите автори.
Расказот „Влегување во песната“ е овогодинешниот добитник
на престижната награда „Живко Чинго“. Оваа награда која се доделува за најдобар
расказ, годинава се доделува по петти пат по нејзиното возобновување. Жирито
како никогаш досега се соочило со дилемата кој да биде носител на наградата
„Живко Чинго“. Од вкупно пријавените 67 раскази, 7 не биле земени во предвид
бидејќи биле пријавени со име и презиме, но останатите 60 буквално го
изнамачиле жирито поради одличниот квалитет кој го нуделе. Во најтесна
конкуренција се нашле расказите „Влегување во песната“, „Чубриниот источник“ и
„Невина“, но сепак жирито се одлучило оваа година победник да биде расказот „Влегување
во песната“ пријавен под шифрата „Билјана платно белеше.“
„Наградениот расказ „Влегување во песната“ претставува
успешно поврзување на традицијата и фолклорот со современоста реализирано како
суптилно понирање во духот на македонскиот јазик. На формален план, расказот ја
варира темата врзана за народната песна „Дафино вино црвено“ и „Билјана платно
белеше“.“-вели поетот Славе Ѓорго Димоски-Член на жирито
Наградата „Живко Чинго“ во последните неколку години се
афирмира како една од најпрестижните награди во областа на пишаниот збор и
претставува одличен начин за афирмирање на младите автори.
„Последниве три години посебно, мислам дека овој конкурс
полека станува институција во Македонија. Други конкурси не знам дали има како
што имаше порано, но бидејќи на него пристигнуваат многу квалитетни раскази,
посебно оваа година, мислам дека овој конкурс е врв во македонската литература
и претставува предизвик за најсериозните македонски писатели.“-рече Димоски
Димоски дополна дека на конкурсот за најдобар расказ
„Живко Чинго“ се доделува само една награда, а нема втори и трети места поради
тежината на самата награда. А токму на тежината на наградата делува и
роденденот на писателот Живко Чинго, 13ти Август на кој веќе традиционално се
доделува оваа награда. Свеченоста ќе се случува во манастирскиот комплекс Света
Петка во атарот на родното место на Живко Чинго, село Велгошти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град