Власта врши пртисок врз нашите членови

Од ВМРО- народна се задоволни од досегашниот тек на предизборната кампања во Охрид. Сепак, револтирани се од притисоците, за кои велат дека актуелната власт ги врши врз нивните членови и симпатизери .

 |  Крсте Голабоски  | 

vmro-npПрес конференција на О.К. на ВМРО-Народна, посветена на текот на предизборната кампања и притисоците кои актуелната власт ги вршела врз нивните членови. Претседателот на О.И.Ш од оваа партија, Ванчо Костоски, изјави дека се задоволни од одзивот на граѓаните на нивните предизборни промотивни активности, што претставува еден од соновните показатели дека, ВМРО-Народна, ќе освои голем број гасови и ќе биде дел од новата влада на РМ.

„Најдобрите резултати ќе ги покажеме  токму во 5-та изборна  единица односно во охрид, каде според нашите сондажи можеме да бидеме први со најголем број освоени гласови, кажа Костоски.

Од ОИШ, го најавија и големиот предизборен митинг на оваа партија, кој ќе се одржи во Охрид на 29-ти мај. Вториот дел од прес конференцијата, беше укажување  за се поголемите притисоци, кои актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ги прави врз граѓаните на РМ, а најмногу врз членовите на ВМРО-Народна, истакна Костоски. Тој посочи, дека освен градовите од Источна Македонија, сега притисоците врз нивните активисти стануваат позачестени и во западниот дел од Македонија. Како примери ги посочи притисоците врз нивни членови од Прилеп, Демир Хисар, Крушево и секако Кичево.

vmro-np„Најдобрите резултату ќе ги покажеме токму во петтата ИЕ, односно во Охридско-струшкиот регион каде според нашите сондажи можеме да бидеме први со најголем број освоени гласачи.“ ели Костоски.

Претседателот на охридскиот огранок од оваа партија кажа дека станува збор за една иста тактита која ВМРО ДПМНЕ ја спроведува, таргетирајќи нивни истакнати членови врз кои вршат притисоц. Причина за тоа е што од актуелната власт  свесни за својот пораз на 5-ти јуни и веќе ги пакуваат куферите, истакна Костоски. Во врска прашањето за тоа со кого ќе коалицираат, Костоски јасен.

Ќе коалицираме со онаа политичка партија после изборите која ќе ги прифати нашите основни постулати и тоа: враќање на демократијата, влез во ЕУ и НаТО, развој на економијата, намалување на казнената политика и јакнење на социјалата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top