Влашката заедница денес го одбележува Националниот ден на Власите 23 мај. Според проценките на претседателот на здружението „Луниња“, Драган Коровешоски во Охрид има околу 400 влашки семејства.
Денес се празнува Националниот ден на Власите. Годинава денот во Охрид ќе се одбележи со свечена академија и промоција на книга, но како што изјави за ТВМ претседателот на здружението на охридските власи „Луниња, Драган Коровешоски, активностите ќе бидат со мало одложување од неколку дена.
„Оваа година се планираше промоција на некои дела важни за историјата на Власите, но поради неможост на авторите промоцијата ќе се одложи за десеттина дена кога ќе биде организирана свечена академија и промоција на делата кои се нови во врска со интернацијата на Власите во 1914 година“
Во Охрид со точност не може да се каже колку има влашки семејства, бидејќи тоа се утврдува само со попис, нагласува Коровешоски. Но според неговите проценки тие сметаат дека во Охрид има околу 400 влашки семејства. Коровешоски смета дека власите треба повеќе да се дружат меѓусебе.
„Најчесто ги координираме активностите со општина Струга, претходно ние организиравме школа па сега општина Струга организира школа со помош на Локалната самоуправа. Власите никогаш не се одвојувале од преостанатото население, сметаме дека организацијата ….истакнување на национални симболи и фолклор е дел кој треба да се зачува негува и да се формираат некои традиционални средби, влашки вечери“
Годинава се одбележуваат 112 години од признавањето на Власите како посебен народ. Во 1905 год султанот Абдул Хамид со Ираде ги признал власите како посебен национален идентитет, признавајќи им во исто време право да организираат служба во црквите на влашки јазик да организираат школи на влашки јазик, да печатат книги. За разлика од другите земји, Власите во Македонија одавна се признати како посебен народ и ги уживаат сите права. Коровешоски вели дека Власите се народ кој се бори за оваа држава и секогаш биле определени на страната на прогресот. Согласно Законот за празници, денес е неработен ден за граѓаните припадници на Влашката заедница во Македонија
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град