Владина поддршка за охридското земјоделие

Охридската цреша на добар пат да стане уште еден бренд во Македонија. Денес градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со министерот за земјоделие Љупчо Димоски на која стана збор за изградба на откупен центар, со што на охридскиот земјоделец му се отвара широка можност да го развива и прошири својот бизнис како и да оствари нови вработувања.

 |  Николоска Биљана  | 
dimoski
димоски

dimoskiВладина поддршка за охридското земјоделие со 25 милиони евра. Станува збор за прва сериозна соработка на Локалната самоуправа со министерството за земјоделие, која се состои во реализација на три мерки, изградба на откупен центар наменет за овошни насади со посебен акцент на охридската цреша, забрана за користење на пловните објекти во одреден временски период и поддршка на руралниот развој. Министерот Љупчо Димоски, убедува дека од денешната средба со градоначалникот Бакрачески најмногу добиваат охридските земјоделци.

„Досега ја немавме таа можност да соработуваме со општината затоа што немаше интерес кај општината. Ние уште на крајот од минатата година кога ја концепиравме програмата за рурален развој за Охрид имавме дефинирано позиции со проекти кои треба да ги реализираме“.

bakraceskiГрадоначалникот Никола Бакрачески, денешната средба со министерот Димоски ја оценува како мошне конструктивна бидејќи конечно ќе пристапат кон реализација на ветеното од изборната програма.

„Она што и ние го ветивме во изборната програме е отварање на еден откупен центар и ладилник во Лакочереј за која што веќе секторот за урбанизам пристапи кон изработка на планска документација за пренамена на земјиштето во тој дел врз основа на која што ќе следат постапки за договарање со странски инвеститор“.

Изградбата на откупниот центар е мошне важно бидејќи ќе создаде сигурност кај производителите на охридската цреша, ќе има организиран начин на производство и откуп, а пред се сите нејаснотии и ризици на земјоделецот ќе бидат сведени на подносливо ниво затоа што ќе може целата количина да биде откупена по една гарантирана цена која што ќе биде дефинирана помеѓу произведувачот од една страна и купувачот од друга страна, појасни за крај министерот за земјоделие.

{loadposition contentn9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top