Охриѓани се вклучија во владината кампања „Ден на идеи 2010“. Тие денес на градскиот плоштад ги запишуваа своите предлози со надеж дека ќе стигнат во вистински раце и дека за скоро време владата ќе ги прифати и реализира.
Охриѓани на градскиот плоштад ги запишуваа своите идеи и предлози. Голем број од нашите повоздрасни сограѓани имаа што да и предложат на Владата, верувајќи дека нивниот предлог во голема мера ќе им помогне на останатите.
Владината кампања „Ден на идеи“ Граѓаните за Македонија во Охрид ја надлегедуваше Министeрството за одбрана со свои претставници.
„Преку оваа акција граѓаните ќе можат дирекно, непосредно да кумуницираат со Владата а истовремено владата ќе покаже дека е со граѓаните имплементирајќи ги идеите“ -изјави Перо Петровски од Министерство за одбрана.
Петровски вели дека Охридѓани имаат интересни идеи и предлози кои навистина заслужуваат внимани за разгледување и изнаоѓање начини за нивно имплементирање.
Показател дека идеите на охриѓани се за почит е и фактот што токму на наш сограѓанин беше идејата за увоз на половни автомобили. Оваа идеја доставена минатата година токму во ваква акција за скоро време владата ја прифати, а со тоа им овозможи на сите кои не се во можност да возат нов, да си набават половен автомобил.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град