Владиниот тим меѓу охриѓани

Зоран Ставрески, потпретседателот на Влада и министер за финансии, синоќа, го предводеше  владиниот тим на трибина со охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
vladini pretstavnici na tribina
владини претставници на трибина

vladini pretstavnici na tribinaВо Центарот за култура „Григор Прличев“ владините министри и  финкционери на  владеачката партија, ВМРО ДПМНЕ,  зборуваа пред граѓаните за  приоритетите во наредниот период. Ставрески на средбата, потсети   на ефектите од досегашните усвоени мерки за ублажување на економската криза. Тој кажа дека во  овие тешки времиња Македонија е една од малкуте во Европа која успеа да задржи низок буџетски дефицит и ниско ниво на задолженост  Потенцираше дека македонскиот долг и во вакви времиња на финансиска и должничка криза, изнесува 28 проценти од БДП, што е еден од најниските на европско ниво. Се пофали со намалената стапка на невработеност која пред 5 години изнесувала 35 посто, а сега е сведена на 31 посто. Потсети на субвенциите во туризмот и на бројните владини мерки со кои се подобрува бизнис  климата во земјава.
Вицепремиерот за екононмски прашања Владимир Пешевски се осврна за плановите за формирање слободни туристички зони во Охрид, како и за активностите за промоција на Македонија на странските пазари. Граѓаните имаа можност да упатуваат и прашања до министрите на Владата. vladini pretstavnici na tribinaСе интересираа за состојбите со некогашниот стопнаски гигант Емо. Добија одговор од министерот за финасии Стврески и од вицепремиерот Пешевски дека преземаат мерки за решавање на проблемот. Пешевски нагласи дека владата ќе интервенира за посебен Закон за работниците од Емо во  решавање на нивниот  статус за да заминат во пензија по  5 години  од прогласувањето на технолошки вишок. Имаше интерес и за охридското здравство. Граѓани прашаа кога ќе се  реши  проблемот со охридската болница и со  волонтерите во Медицинските установи. Министерот за здравство Никола Тодоров уште еднаш потврди дека реконструкцијата на болницата ќе заврши во предвидениот рок на инвеститорот од 8 месеци. Тодоров нагласи дека во земјава има над 1800 волонтери  и многу  е тешко да се вети решавање на нивниот статус. Но , министерот кажа дека во иднина ќе се внимава на начинот  на нивното ангажирање.
На трибината, синоќа, покрај премиерот Груески кој не допатува на средбата, како што беше речено поради неодложни обврски, недостасуваше и присуството  на Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top