Владата утре ќе одлучува за цената на струјата

Владата утре ќе одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум. Директорот на државните електрани Васко Ковачевски вели дека конечно успеале да ги склопат финансиските планови за домашното производство, но и колку пари ќе им требаат за реализирање на предвидените јавни набавки за 2022 година. Ковачевски уверува дека наместо законски предвидените 60 отсто од потребната струја за домаќинствата, ЕСМ ќе ја обезбеди целата потребна енергија и нема да има потреба од увоз на скапа електрична енергија од берзите.

 |   | 

Ковачевски вели дека на Владата и понудиле неколку цени, но не откри какви, иако во јавноста на големо се зборува дека бараат поскапување од околу 20%. ЕСМ на 9-ти декември ќе достави понудата на тендерот на ЕВН Хоум за Универзалниот снабдувач и најверојатно тогаш ќе се има појасна слика колку ќе порасне сметката за струја за граѓаните од јануари.

Ги направивме сите подготовки, тоа значи план за производство, финансиски план и план за јавни набавки за 2022. И тука произлегува една табела од цени кои се доставени до Владата и на затворена седница треба да донесе одлука – препорачана цена за количините на енергија коишто АД ЕСМ ќе ги испорачува кон ЕВН Хоум, Унивeрзалниот снабдувач и малите потрошувачи и домаќинствата – изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top