Владата утре ќе одлучува околу мерките за невакцинираните

Сеуште е неизвесно дали административците ќе мора да се тестираат на ковид од сопствен џеб или да се вакцинираат бесплатно ако сакаат да одат на работа. На главниот координативен кризен штаб на денешната седница не беа донесени заклучоци за мерките коишто Комисијата за заразни болести ги предложи минатата недела.

 |   | 
Модуларна болница Охрид

Овие мерки се однесуваат на вработените во јавниот и државниот сектор кои за влез на работното место би морале да приложат вакцинален сертификат со примена најмалку една доза ковид вакцина, или ПЦР тест не постар од 72 часа кој е на трошок на самиот вработен или сертификат дека го прележале вирусот, пред не повеќе од 45 дена.

Утре на владина седница ќе се разгледуваат мерките, а на тоа му претходи состанок на министерот за здравство Венко Филипче со претставници на работничките синдикати. Со предложените мерки се предлага и вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Министерот Филипче презентирајќи ги предлог мерките на главниот кризен штаб посочи дека мерките се целосно издржани и ќе дадат резултат за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава, како и за зголемување на вакциналниот опфат. Според него, болниците во земјава се полнат со невакцинирани, односно 80 проценти од хоспитализираните не примиле две дози вакцина.

Вакви мерки, но и доста поригорозни, има во Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, Австрија и Холандија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top