Митре Вељаноски, кандидат за пратеник од редовите на Коалицијата на СДСМ од 5–тата Изборна единица, најави целосна реорганизација на постојниот сектор за туризам. Покрај бројните новитети, Вељаноски најави креирање на заедничко Координативно тело со преставници од туристичките агенции од приватниот сектор, намалување на стапката на ДДВ за туризмот, отварање на Македонско туристичко биро во странство, отварање на информативни туристички канцеларии во Охрид, Битола и Скопје, автопатско поврзување на Охрид со Гостивар и Битола, решавање на патниот правец Охрид -Св.Наум, па се до тоа угостителите сами да одлучуваат дали во нивниот објект ќе се пуши или не. Новата влада на СДСМ ќе го реализира проектот „Охрид-балканска Барселона“ во конгресниот туризам, рече меѓу другото Вељаноски, но тоа не значи дека нема да се посвети внимание на спортскиот, културниот и руралниот туризам, поддршка на сите културни манифестации или спојување на се што е корисно и убаво за Охрид.
Владата во заминување и во туризмот не разликуваше битно од небитно, истакна кандидатот за пратеник од 5 –та Изборна единица, Вељаноски. Доколку одлучуваа граѓаните, сигурно прво ќе одлучеа да се реши проблемот со патот до Св Наум, а после да се градат наколните живеалишта. Вељаноски најави решавање на патната инфраструктура, која во овој момент е најгорливиот проблем за Охрид.
Според Вељаноски, новата Влада на СДСМ ќе издвојува по 1 милион евра годишно за организиција на општа туристичка промоција на земјава. За нивно оптимално користење ќе се почитуваат потребите на приватниот сектор, истакна Вељаноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град