Владата пишман аџија за охридската Касарна

Еднаш најавува Охридската касарна да припадне на Локалната самоупрва, за потоа да се премисли. Најновата одлука е просторот да го  додели на Министерството за образование.  Во админситративната зграда на касарната се адаптираат канцаларии за неколку подрачни единици од различни министерства.

 |  Валентина Нелоска  | 
kasarna
касарна

Еднаш најавува Охридската касарна да припадне на Локалната самоупрва, за потоа да се премисли. Најновата одлука е просторот да го  додели на Министерството за образование.  Во админситративната зграда на касарната се адаптираат канцаларии за неколку подрачни единици од различни министерства.

kasarna

Од пред неколку денови канацаларијата на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро е иселена од поранешното училиште Св „Климент  Охридски“. Канцаларијата е префрлена во простории на спортскиот комплекс Атина Бојаџи, кратко не информира Дејан Паноски претставик на секретаријатот. Станува збор за привремено, а трајно  решение се очекува да се најде многиу скоро.

Владата одлучи канцаларијата да биде сместена во администаривнат зграда на охридската Касарна. Покрај нив е предвидено тука да се лоцираат подрачните единици на разни министерства кои имаат просторни проблеми.

Локалната самоуправ пак, е затекната од ваквата владина одлука. Нивните планови и подготовки во врска пренаменат на  касарната се изјаловија. Градоначалникот Александар Петрески истакна дека не е запознат со ваквата одлука. Појаснува пред 2 години Министерот за одбрана ветил Касарните дека ќе бидат отстапени на општините, а досега нема ништо од ваквите најави.

Во меѓувреме секторот за урбанизам изготвил урбанистички план кој ги поминал сите фази на подготовки. Преостанало уште барањето  согласност по предлог Уранистичкиот план од Министерството за транспорт и врски. Со урбанистичкиот план, архитектите зацртале на овој простор да има  универзитетски кампус, спортски и трговски центар, амбуланта и црква. Но, од неодмана Владата одлучила Касарната да ја отстапи на Министертсвото за образование. Досега, пак Владата до општинската администрација не упатила никакво известување за намерите на државата со овој простор. Петрески вели доколку се испочитуваа првичните најави, Локалната самоуправ не би имала ништо против, подрачните единици на министерствата кои имаат просторни проблеми да се сместат во овој комплекс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top