Владата ги кочи инветициите во Охрид, обвинува градоначалникот

„Странски инвестииции во Охрид нема поради тоа што инветиторите не сакаат да имаат работа со владата“ , вели градоначалникот Александар Петрески. Тој додава дека државата е виновна што брендот Соравија се откажа од изградба на елитен хотел во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
Petreski
Петрески

bager„Странски инвестииции во Охрид нема поради тоа што инветиторите не сакаат да имаат работа со владата“ , вели градоначалникот Александар Петрески. Тој додава дека државата е виновна што брендот Соравија се откажа од изградба на елитен хотел во Охрид.

Охрид нема странски инвестиции. Причината за тоа градоначалникот ја гледа во владата. „Ние по странски инвестиции убедливо сме на последно место и зад Босна и зад Албанија. Може да биде поинаку, но доколку сопственост на земјиштата со кои во моментов стопанисува владата , потпаднат под локалната самоуправа“, вели градоначалникот Александар Петрески.

„Со сите инвеститори што сум разговарал велат дека не сакаат да имаат работа со државата. Ние немаме земјиште и ингеренции“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Градоначалникот ги побива и озборувањата дека локалната споро ги издава документите за градба. Тој вели „ споро е затоа што такви се  законите и упатствата на Mинистрвото за транспорт и врски. Тие се испреплетени, нејасни и споро се имплементираат.

„ Постојано имаме инспекции. проверуваат и запирки и поништуваат локлации за 2 – 3 метра плус или минус. Законите се комплицирани“, додава градоначалникот.

plaza„Јас го донесов брендот Соравија да гради елитен хотел  во Охрид до Инекс Горица. Но штом мистерството отвори тендер кој го доби токму Соравија, истиот се поништи. Револтираните  бизнисмени рекоа дека се додека работите во државава се вакви какви што се во Македонија нема да има странски инветсиции, вели градоначалникот. Тој додава дека разговарал со сите поголеми брендови присутни на овие простори, како Меркатор, Туш, Кика но никој од нив не сака да вложи пари во Македонија поради истите причини. Градоначалникот вели дека локалната одамана одбрала идеални локации каде може да се изградат трговски центри. Првата е во Охридатите кај станицата за вода на Проаква, а вората на влезот од Струга према Охрид. „За жал на двете локации сопственик е владата. Се додека е така, инветсиции во Охрид нема да има“, вели градоначалникот Александар Петрески. 

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top