Вивалдијано, град на огледала, вечерва во Охрид. Со овој музички светски мега проект. фестивалот Охридско лето, ќе го одбележи својот 57 роденден. Настанот е вечерва во 21 часот на Антички театар.
Исправени пред предизвикот да се гради брендот на институцијата Охридско лето, за нас најважно е доследно да ја испочитуваме традицијата и домаќински да работиме. Денес кога престижниот фестивал Охридско лето го одбележува својот 57 роденден, продолжуваме да ја градиме вредноста на светското собиралиште на врвни уметници, истакна директорката на фестивалот Сузана Вренцовска.
„Многу луѓе тука на оваа фестивалска сцена оставиле свој белег и се заслужни за успесите. Охридско лето носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите земји во светот. Над 20 000 посетители, љубители на уметноста, од целиот свет доаѓаат да уживаат на врвните музички и театарски настани. Тоа е доволен показател дека нудиме квалитет во градењето на успешните фестивалски изданија“.
На роденденот на Охридско лето го избравме настапот на Вивалдијано, истакна Ѓорги Цуцковски, музичкиот селектор. Тој пренесува дека станува збор за безвременски светски мултимедијален проект, кој ќе биде атрактивна понуда за љубителите на музиката.
„Вечерва во 21 часот уживајте во градот на огледалата, како што вели идејниот творец на Виваллдијано, Двораж и повторно откритеј ги карактеристиките на колоритноста и игривоста на музиката на Вивалди. Само кратко да кажам дека 7 дена Античкиот театар е во полна подготовка за овој настан имаме специјална технологија која што пристигна во Охрид и на сите љубители на уметноста можеме да им ветиме незаборавно доживување“
Со посбни импресии за туристичкиот бисер Охрид, Јакуб Швејда, организаторот на турнејата на „Вивалдијано“ истакна дека Античкиот театар е можеби најдоброто место за старт на проектот.
„Фестивалската публика вечерва ќе има можност да види спој на неповторливите креации на Вивалди со рок енергија…На посетителите ќе им понудиме тридимензионално патување низ музиката, со настап на врвни уметници од Прашката филхармонија и од целиот свет, зачинето со уникатен сценски настап меѓу две видео презентации.
Концертниот 3Д спектакл, шоуто Вивалдијано, вечерва премиерно ќе биде изведен во Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град