Вистински културни емисари од нашиов град!

О.У. „Св. Климент Охридски“ Охрид се вклучи во проектот ( Културата без граници) чии носител е  училиште од Виена , Австрија, а  финансиски е подржан од Министерството за просвета на Виена.

 |  Крсте Голабовски  | 

О.У. „Св. Климент Охридски“ Охрид се вклучи во проектот ( Културата без граници) чии носител е  училиште од Виена , Австрија, а  финансиски е подржан од Министерството за просвета на Виена.

Delegacija Sv.Kliment OhridskiПо тој повод делегацијата на училиштето составена од директорот на училиштето Славица Илиќ и наставникот по англиски јазик проф. Марина Шокева престојуваше во Виена од 22. 09. 2008 до 26. 09. 2008. Покрај училиштето домаќин од Виена  и ОУ „св. Климент Охридски“ Охрид, во овој проект засега се вклучени по едно училиште од Република Србија и Република Црна Гора. Планирано е проектот во иднина да се проширува и на други училишта од различни држави.

avstrisko ucilisteЦелта на овој проект е меѓусебно запознавање со  културите, обичаите, начинот на живеење, учење, другарување и сл.  на децата од разни делови на Европа. Покрај тоа целта на проектот е  размена на искуства помеѓу наставниот кадар, односно училиштата од земји членки од Европска Унија со останатите европски држави.

Во текот на престојот делегацијата имаше можност да посети две основни училишта во Виена, да ги следи наставните часови и да се запознае со комплетната организација и начин на функционирање на овие училишта.  Во иднина се очекуваат меѓусебни посети на наставниот кадар и учениците во рамките на меѓународна соработка, што е една од целите на проектот.

avstrija ucilisteПрестојот во Виена делегацијата го искористи за презентација на нашиот град Охрид како туристички центар преку промотивниот материјал пред наставниот кадар на училиштето домаќин ,како и пред наставниот кадар од училиштето кое го посети. Промотивен материјал за нашиот град беше доделен и на делегациите на училиштата од Белград и Котор. Исто така делегацијата имаше чест да гостува во Парламентот на Република Австрија и да биде представена како делегација на просветни работници од Република Македонија. Со вклучување во овој проект за училиштето ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид се отворија можности за маѓународна училишна соработка, што е во интерес на самото училиште и учениците, нашиот град и нашата држава.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top