„Бистрината на умот ми ја дава вевчанската вода. После 18 месечна битка вистината исплива на површина“. Со овие зборови се обрати разрешениот директор на вевчанското училиште „Страшо Пинџур“, Жарко Лешоски. Тој деновиве ја добил битката против, според него, организираната хајка на градоначалникот на Вевчани Перо Илиески и неговите партиски послушници. Имено, Илиески пред година и пол незаконски го разрешил Лешоски, поради повреда на законот за основно образование со нанесување на штета на ученици и деца. Управниот суд го утврдил спротивното.
Лешоски кажува оти повеќе од јасно е дека одлуките на Управниот суд се неважечи во споредба со партиските одлуки на ВМРО – ДПМНЕ. Иако, претходно, во својот 5 годишен мандат, уредно и совесно ја извршувал функцијата директор, тој, последниов период од година и половина, во училиштето работел како „разрешен директор без работни задачи“, за што земал и плата. Лешоски, во моментов, од за него непознати причини, треба да тропне на вратата од агенцијата за вработување.
Лешоски вели дека не знае што уште го чека. Тој утрово кога сакал да му ја соопшти одлуката од Управниот суд на градоначалникот Илиески, бил спречен во тоа. Лешоски се закани со кривични пријави.
Вевчанци за овој случај не сакаа да коментираат пред нашата камера. Но, кажаа дека Лешоски е само една од многуте жртви на црниот список на актуелното ракводство на ВМРО – ДПМНЕ и дека ова е доказ оти сите вредности за кои вевчанци се избориле за Европа, паѓаат во вода. Актуелниот градоначалник пак, Перо Илиески, не сакаше да ги коментира новите моменти во врска позитивната одлуката на Управниот суд за случајот со Лешоски. Тој накратко изјави дека додека официјално не добие допис од Управниот суд, нема што да каже, после тоа ќе излезе со став.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град