Високо признание за охридскиот Црвен Крст

Во Европа 7 од 10 луѓе се волонтери. Во Македонија има околу 5000, од кои само охридската организација на Црвениот Крст брои над 1000 волонтери кои работат како поединци или во целни групи. Годинава на одбележувањето на 5 ти декември светскиот ден на волонтеризмот, Црвениот крст од Охрид се закити со признание за особени заслуги во спроведување на волонтерските практики. Признанието го додели Министерството за труд и социјална политика.

 |  Николоска Биљана  | 
origami
оригами

crven krstВо Црвениот крст во Охрид волонтираат луѓе од 7 до 77 години. Нивниот ангажаман е несебично и доброволно да помагаат на ранливите категории на луѓе без притоа да остварат материјална корист. Волонтерите од охридската организација на Цревениот Крст, денес, на одбележувањето на светскиот ден на волонтеризмот 5 ти декември добија високо признание за особени заслуги во спровдувањето на волонтерските практики. Првиот човек на Црвениот крст од Охрид Сашо Точков, потенцира дека признанието е сосема заслужено бидејќи успеале да анимираат голем број волонтери кои се вклучени во нивната организација со цел да помагаат на ранливата катрегорија на луѓе, а добар дел од нив посебно се истакнати во првата помош.

„Во светски рамки Црвениот Крст е најголемата волонтерска организација која што брои преку 120 милиони волонтери, во европски рамки 7 од 10 луѓе се волонтери, на ниво на Македонија нема прецизни податоци но има над 5000 волонтери кои се активни, нашата организација е негде на врвот со над 1000 волонтери и токму тоа е причината после долго годишните анализи и согледувања од страна на Црвениот Крст на Македонија денеска Црвениот крст на Охрид да се закити со едно високо признание кое се дава на денот на волонтерството“ – вели Точков.

Голема чест и задоволство е да се биде во оваа организација вели Милан Србиновски, кој веќе четири години активно е вклучен и ги следи бројните активности на Црвениот крст од Охрид.

„Парите не прават се во животот значи да се биде волонтер е нешто боженствено бидејќи знаеш дека еден ден ќе сретнеш човек кој што ќе ти каже фала заради нешто што сум му помогнал“– изјави Србиноски.

origamiДенес во рамките на одбележувањето на денот на волонтеризмот, ОО на Црвениот Крст отпочнува голема хуманитарна и 100% волонтерска акција насловена како „Новогодишни оригами“. Вештите раце на 70 охридски волонтери изработија палета на уникатни украси од природни материјали кои ќе се продаваат по симболични цени, а средствата одат во хуманитарни цели.

„Интензивно овие денови значи речиси од почетокот на ноември, изработуваме оригами кои што се всушност новогодишни украси и кои што ќе бидат нудени за украсување на секој тип на објекти во оригами стил“ – вели Алексиќ.

Денес и официјално беше најавен почетокот на новата волонтерска, хуманитарна кампања на Црвен крст Охрид насочена кон подобрување на животот на ранливите категории луѓе во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top