Екстремно високите температури никако да ја напуштат земјава. Новиот топлотен бран кој ни доаѓа од Северна Африка причина за се почеста појава на летни вирози и стомачни вируси. Иако не се работи за некои алармантни бројки, сепак лекарите и понатаму апелираат за следење на препораките кои што важат за летниот период. Охриѓани очигледно ги почитуваат. Засега само мал број на пријавени со вакви вирусни заболувања.
„На ниво на државата слушаме дека имало поголем број на случаеви посебно во Скопје. Во Охрид отрприлика последните месеци има собрано статистички етероколит 45 труења од храна, поединечни значи не правиме муабет за труења кои што се групни или од некакви угостителски објекти туку поединечни труења од храна кои што во приватна режија има 8 така да во Охрид можеме да констатираме дека бројот на заболени за овој период е во границите на тоа што се случува и претходните години. “ вели Д-р Атанаско Михаилов-Директор на Центарот за јавно здравје
Покрај редовните препораки на лекарите, еден од најважните совети е при појава на симптомите да се посетуваат матичните лекари, а не на своја рака, граѓаните да користат антибиотици или сами за себе да си препишуваат домашни терапии.
„Сите ние дома чуваме цели сопствени аптеки и сами за себе изигруваме лекари, знам што ми е, ќе се напијам-грешка. Значи летните вирози затоа и се викаат вирози се вирусни заболувања и никаков антибиотик нема да ви заврши работа. Значи затоа треба да се појде кај матичниот лекар и на своја рака да не се употребува ништо. Да се придржуваат на терапијата на матичните лекари или на лекарите со коишто се консултирале и да не се зема никаков вид на терапија на своја рака затоа што лошо користена терапија, посебно антибиотска терапија создава резистенција кон одредени видови на бактерии и после имаме голем проблем во лечењето на тие видови на бактерии.“-додава д-р Михаилов.
Летните вирози се карактеризираат со покачена температура, болки во зглобовите и во мускулите, кивавица, солзење во очите и посебно мачнина со гадење, повраќање и појава на течна столица или дијареа. Обично траат два до три дена и лекарите препорачуваат внесување доволна количина на течности поради губењето на истите, да се мирува и да се земаат соодветни лекови за симптоматска терапија. Исто така да се внимава на исхраната, да не се јадат тешки храни и во поголеми количини, да се избегнуваат производи кои се чуваат долго време и храна која се продава на отворено, како и храна која е лесно расиплива.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град