Голем број граѓани останаа изненадени од висината на јануарските сметки за струја.
Голем број граѓани останаа изненадени од висината на јануарските сметки за струја. Износите на сметките достигаат и над 1000 денари од вообичаената сума за потрошена струја која ја плаќаат потрошувачите. Реакции на граѓани имаше и до нашата редакција.
Од ЕВН објаснуваат дека зголените суми на сметките за потрошена струја се должат на екстремно студениот месец, а при тоа и со многу празнични денови. Додаваат дека заради празниците 5 дена од декември се пренесени во јануарските сметки.
Портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузоска изјави дека станува збор за реална состојба на броилата. Доколку граѓаните сакаат да се уверат во реалната состојба со потрошена електрична енергија може да се обратат до нивните служби за да се направи проврека за соодветно потрошената електрична енергија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град