Високи треви, грда слика за туристичкиот бисер Охрид

Високи неискосени треви ги обраснуваат станбените комплекси во неколку населби во градов. Неколку паркови прераснаа во шуми и места каде се одлагаат хаварисани возила, камп приколки, киосци, кајчиња и што уште не.

 |  Николоска Биљана  | 
trevista
тревишта

 

trevistaНашиот град Охрид интензивно се рекламира како атрактивна туристичка дестинација. Тоа е добро. Но, која е сликата  што ја добиваат гостите при првиот контакт со Охрид. За жал, првата слика која ја добиваат туристите при самиот влез во градот тешко се поправа со скапите реклами за вечноста на Охрид.
Насекаде дури и во централното градско подрчје градот е обраснат со високи треви, дел на јавните површини, во дворните места на станбените објекти, во запуштените куќи. Граѓаните велат дека на нашиот туристички бисер не му одговара една таква слика и дека туристите не ги интересира кој е надлежен за одржување на тревнатите површини.
Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа убедува дека Охрид, туристичката сезона ќе ја пречека со уреден и цветен град.

„Во претходниот период пролетва имаше обилни дождови така да после времето се стопли наеднаш така да вегетацијата порасна за краток период,  ЈП врши редовно косење на сите тревнати површини согласно програмата за 2014 година. Во запуштените објекти кои се обраснати со трева треба да интервенира комуналната инспекција и по нивни налог можеме да исчистиме и таму“ – потенцира Скрческа.

trevistaВисоките треви но и моменталните временски услови се идеално живеалиште за крлежите кои годинава ги има многу. На одделението за хирургија речиси и да нема ден а да не извршат  дури по неколку интервенции за отстранување на крлежите. Но за оваа појава смируваат од Центарот за јавно здравје, од каде што деновиве најавуваат прскање против комарци, со што се уништувале и крлежите.

 „Планирано е понеделник, вторник и среда, доколку добиеме информација од хидрометеоролошката станица дека ќе биде добро време, секако дека очекуваме времето да биде сончево и мирно“. Истовремено бидејќи станува збор за дезинсекцид така да истовремено уништувајќи ги комарците ќе ги уништиме и крлежите “ – нагласова Коровешоска.

Голем проблем претставува и појавата што на одредени места во градов, парковите не само што прераснаа во шуми, туку од високата трева во нив се камуфлирани, хаварисани камиони, кајчиња, камп приколки, киосци. Очигледно време е надлежниот инспекторат да излезе на терен и да постапи согласно законските прописи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top