Затекнати возила кои за погонско гориво користеле црвената нафта, велат од пазарниот инспекторат.
Затекнати возила кои за погонско гориво користеле црвената нафта, велат од пазарниот инспекторат.
Казните кои треба да ги платат инволвираните се од 3 и по, до 5 илјади евра.
Пазарниот инспекторат со полни раце работа. Во контролите кои ги спроведе кон крајот на 2009 год, констатира неправилности и во горивото што го користат моторните возила. Имено екстра лесното гориво, или народски кажано црвената нафта која се користи за затоплување, беше констаирано дека била употребувана и како погонско гориво“, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалевски.
Контролите на моторните возила ги направивме заедно со МВР. Секаде каде постоеше сомнеж дека се погонското горивото е екстра лесно се земаа мостри и се праќаа во лабараторијата на МВР, каде се вршеше испитување на истите, вели Бошалевски.
„Беа затекнати возила кои користат црвена нафта, еден автобус и такси возила. Кон нив соглсно законот беа поднесени глоби од 3 и пол до 5 илјади евра“, вели началникот на пазарниот инспекторат Бошалевски.
Тој вели дека и во 2010 год. инспекторатот ќе работаи согласно законските одредби и согласно она што владата на Р Македонија го носи како акционен план во борба против сивата економија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град