Иако звучи нереално за нашата бизнис заедница, ова полека станува реалност. Студенти, но и бизнисмени, ќе имаат можност поблиску да се запознаат со оваа тематика преку предавања на Универзитетот за информатичка наука и технологија од Охрид.
Имплементирањето на висока технологија во работењето на фирмите насекаде низ светот им овозможило да прераснат од мали и средни, до големи и мултинационални компании. Првиот чекор во оваа насока го прави Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид. На овој факултет наскоро се воведува програма наменета не само за студентите туку и за пошироката бизнис заедница. Овие предавања ги води американецот Проф.Др Клајд Масгрејв.
Високата технологија кај нас полека почнува да зема замав, но за нејзино целосно прифаќање ќе треба да почекаме подолго време. Сепак Професорот Масгрејв е оптимист и очекува одлична соработка со студентите, но посебно со бизнис заедницата.
Првото предавање е закажано за Март месец. Масгрејв исто така го изрази своето воодушевување од македонската инвентивност, нагласувајќи дека и покрај недостигот на некоја голема инфраструктура, иновацијата е доста застапена овде и се прави со минимални средства. „Мојата цел е да отвораме барем една нова компанија годишно и да вработиме 5 невработени лица. Ќе создадеме една атмосфера во која луѓето ќе можат да ни пристапуваат со нови идеи безралика колку изгледаат тие неверојатни.“-додаде Масгрејв
Оваа програма е само првиот чекор од многуте кои мора да се преземат за да развиваме високо технолошки претпријатија. Безразлика дали се работи за мал или среден обем, воведувањето технолошки пронајдоци неизбежно води кон успешна економија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град