Виоката школа за новинарство ќе стипендира средношколци

Високата школа за новинарство објави конкурс „Изрази се преку медиумите“.

 |  Маленкова Татјана  | 
Konkurs skola mediumi
конкурс школа медиуми

Високата школа за новинарство и односи со јавност, денеска пред охридските средношколци го презентира конкурсот за најдобар средношколски, медумски производ „Изрази се преку медиумите“.  Целта е преку креативноста на средношколците, да се спречи насилство во училиштата кое беше актулено изминатиов период. Медиумскиот производ кој ќе го создадат средношколците треба да ја потикне свеста за поголема толеранција меѓу учениците и избегнување на конфликтните ситуации, како и создавање на една позитивна училишна атмосвера. Охриѓани заинтересирани за проектот. Некои од нив веќе имаат и идеи, треба само да ги реализираат.  

„Имам повеќе од една идеја. Навистина овој конкурс не потикнува, не само за новинарските туку и нашите srednoskolci Gimnazijaкреативните способности“, вели  ученичката од ОСУ Св. Климент Охридски“, Марија Баткоска.

„Сепак има на некој начин  насилства во училиштата, можеби тоа не е физичко, туку вербално, но има. Мислам дека тоа може да се смени“, вели  ученичката Јулиана Маркоска .
 
Матурантите преку овој конкурс може да освојат целосна стипендија за студирање и договори за вработување веднаш по завршувањето на студиите, а останатите средношколци учесници може да освојат лап топ, камера или фотоапарат.

„Средношколците може да се пријават со едноминутен видео клип, фотографија или текст на тема„ заедноза училишта без насилство“.  Медиумскиот производ треба да покаже што се превзема за да имаме училишта без насислство или самите средношколци да предложат начини како да се надмине насилството на средношколците во училиштето и надвор од училиштата“, вели висока школа за новинарство и односи со јавноста, Дејан Андонов.

Конкурсот трае до 22 април и истиот го реализираат Високата школа за новинарство и односи со јавност во соработка со министрството за образовани и наука и канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Најуспешните и најкреативните на конкурсот може да освојат 10 целосни стипендии за студирање од кои 5 за новинарство и 5 за односи со јавноста. Покрај поединечни апликации на конкурсот може да се пријавуваат и средните училишта, а грпата која го работи проектот може да добие вредни награди како лап топ, камера или пак фотоапарат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top