Охриѓанката Марија Филева, керка на познатиот изработувач на охридскиот бисер Павел Филев, се најде меѓу шестмината наградени студенти добитници на наградата 26 ти јули од Франк Манинг.
Денеска во просториите на ректоратот на универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, ректорот на универзитетот професот д-р Велимир Стојкоски на студентите од факултетите од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите им ја додели наградата 26 јули од Франк Манинг, за најдобар студент во завршната година на студии во текот на учебната 2011-2012 година. Меѓу нив се најде и охриѓанката, Марија Филева, ќерка на познатиот изработувач на охридски бисер Павел Филев како најдобар студент на Филозофскиот факултет која студира на историја на уметноста. Оваа награда се доделува од средствата на фондацијата Франк Харкорд Манинг, како поттик за најдобрите студенти од факултетите архитектура, економски, правен, филозофски, филолошки и музички уметности.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град