Творештвото на учениците во нивните школски денови во никој случај не смее да се зема здраво за готово. Децата располагаат со одлични и креативни идеи и некој треба да ги слушне овие идеи. „Осигурување на квалитет“ е името на зборникот во кој се синтетизирани сите достигнувања на учениците од целата држава. Помеѓу сите проекти кои го најдоа своето место во овој зборник, како негов составен дел се појави и проектот „Виртуелни компании“ кој веќе 4 години се спроведува во редовната настава на учениците од средното економско училиште од Охрид.
„Беше избрана една од училишните компании, тоа е компанијата Саундвејв, тоа е виртуелна компанија за издавање ЦД-а, постери, маици на познатата ѕвезда Тоше Проески, каде што учениците презентирајќи компанијата, нивната училишна компанија се стекнаа со сертификати. Значи имаше сертификати за учениците и сертификат за училиштето и за менторот-професор. Мислам дека е добра идеја и дека во иднина исто така ќе даде еден поттик за сите оние што сакаат да дадат некаков придонес во творештвото, истото да го реализираат на овој начин.“-рече професорката Весна Карамитре.
Професорката Карамитре додава дека овој проект во кој се објавуваат достигнувањата на учениците од целата држава може да биде само понатамошен силен поттик за нивен значаен придонес не само во школството, туку и во бизнисот и во сите области на живеење.
„Самата идеја за постоењето на таков предмет и воведувањето на задолжителната настава во економското училиште, самиот начин на функционирањето, постоењето на сектори, работа на учениците во сектори и исто така применување на сите знаења кои што во текот на тригодишното образование веќе во четвртата година го имплементираат во работа во овие училишни компании.“-вели Карамитре.
Зборникот „Осигурување на квалитет“ авторски е под капата на професорите Јелица и Атанас Николовски, а е издаден во соработка со Сојузот на просветни работници на Република Македонија и Министерството за образование и наука како и Активот на директори на средните училишта. За крај професорката Карамитре додава дека Теоријата и практиката, целокупниот стручен и научен кадар во земјата, останува на нив да ја проценат, да ги проценат особеностите на овој зборник кој што е дело на еден воспитно-образовен процес.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град