Превоз за само 2 денари од центарот на градот до Градиште со ВИП.
Превоз за само 2 денари од центарот на градот до Градиште со ВИП.
Во екот на туристичката сезона, покрај многуте недостатоци со кои се сретнуваат туристите, еве и една позитивна иницијатива, која заслужува внимание. Имено, мобилниот провајдер ВИП овозможува превоз од центарот на градот до сите плажи на потегот до Градиште за неверојатни 2 денари.
Едноставен и уникатен пример како треба да се работи во екот на туристичката сезона. Иако ваквиот пример требаше да се практикува, досега никој од Локалната самоуправа не се сети да го примени. Мобилниот оператор ВИП, преку договор со една локална компанија за превоз, им ниди можност на туристите, но и на охриѓани превоз охридските до плажи за само 2 денари. Два минибуси обележани со брендот ВИП, во периодот од 15-ти јули до 15-ти август, секојдневно од 10 часот наутро до 20 часот навечер, ќе ги превезува граѓаните од бул„Туристичка“ (локација кај минимаркет) па се до плажите на кампот„ Градиште“ и обратно. Колку и да звучи неверојатно, оние што сакаат да го користат овој превоз, се што треба да направат е да платат само 2 денари при влезот во минибусот, за што ќе добијат и фискална сметка! „Покрај големиот број на поволности кои ги нуди ВИП операторот за своите корисници во областа на телефонијата, дојдовме и на ваква идеја, со симболична цена да им овозможиме на сите да уживаат во убавините на Охрид“ вели Даниела Стојчевска од делот за корпоративни комуникации при ВИП.
„Корисниците и нивните индивидуални потреби секогаш ни се на прво место. Токму поради тоа ги покануваме македонските граѓани да ја искористат поволноста која им ја овозможивме“ истакнува Марио Цвитковиќ, главен маркетинг директор на ВИП оператор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град