Високите камтни стапки и понатаму нема да паднат

Затегнување на кредитната политика од страна на банките.

Narodna Banka na Makedonija
Народна Банка на Македонија

Затегнување на кредитната политика од страна на банките. Тие, со цел соодветно да одговорат на светската економска криза, ги зголемија каматните стапки и за  населението и за фирмите.

Ohridska BankaСо кулминацијата на светската економска криза, се затегна кредитната политика на банките. Тие адекватно одговараат со цел да спречат евентуални ризици со кои би се соочиле. Да не се најдат во позиција да повлекуваат голем дел од нивните заштеди, ги зголемуваат пасивните каматни стапки, со цел на населението да му дадат мотив да штеди. Од друга страна, финансиската криза која се прелеа во земјите од европската унија, а со тек на време и во Македонија, за економијата тоа беше знак дека банките треба да извршат промена во однос на нивната кредитна политика, односно се повеќе се затегнаа условите под кои тие ги доделуваат кредитите, како на корпоративниот сектор така и на населението, „Секој кредитобарател треба да помине преку строга селекција, банката треба добро да го провери и вреднува ризикот. Се проценува ризикот на бонитетот, односно гаранцијата и хипотеката. Од друга страна имајќи ги предвид макроекономските индикатори во однос на дефицит во буџетот“, вели Доц. Д-р. Климе Попоски, експерт по економија, проф. на ФТУ.

И Народната банка и Владата на РМ, односно Министерството за финансии, прибегнаа кон емисија на државни записи со цел да мобилизираат пари, притоа нудејќи високи каматни стапки  на државни хартии од вредност. Министерството за финансии емитира вакви средства со цел да покрие дефицит во буџетот. Од друга страна, централната банка продава големи количини на девизи во одбрана на курсот на денарот и да се спречи инфлација, „Притоа нудат атрактивни високи камтни стапки од 8 – 9%. Банките од своја страна имаат за цел да управуваат со парите од штедачите, гледаат во овие хартии од вредност сигурна инвестиција бид. носат атрактивни камтни стапки, а од друга страна се финансиски вложувања од најнизок степен на ризик“, појаснува Доц.Попоски.

Поради тоа банките сосема логично, оправдано и рационално ги зголемуваат каматните стапки на кредитите и на населението и на фирмите. „Во контекст на високите каматни стапки би нагласил дека висината на каматните стапки на депозитите ја диктира и директно влијае на висината на каматните стапки на кредитите. Така што, се додека на пазарот се нудат високи камтни стапки на депозити, неможеме да очекуваме намалување на кредитите“, вели Вецко Симјаноски, дир. на филијала во Охридска банка.

„Се додека се чувствуваат ефектите од светската  економска криза, ќе имаме високо каматно опкружување. Кога Владата и Централната народна банка ќе имплементираат релаксирана монетарна фискална политика, тоа ќе биде позитивен знак за банките да ги намалат своите камтни стапки“, велат експертите од областа на економијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top