Како дел од годишната Програма за сообраќајна сигнализација, Општина Охрид спроведува активности за поставување на вибрациони ленти за забавување на сообраќај на булевар „Туристичка“ и улица „АСНОМ“.
Како дел од годишната Програма за сообраќајна сигнализација, Општина Охрид спроведува активности за поставување на вибрациони ленти за забавување на сообраќај на булевар „Туристичка“ и улица „АСНОМ“.Лентите се поставени на коловозот во непосредна близина на пешачките премини, на оние локации кои се утврдени како критични точки во сообраќајот.
Целта на овој вид современа хоризонтална сигнализација е да придонесе за намалување на брзината на движење на возилата, со што значително се зголемува безбедноста на пешаците.Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат поставени соодветни забавувачи на сообраќај и на уште неколку сообраќајници на подрачјето на општината.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град