До крај на годинава охриѓани ќе добијат болница. Вчера заврши електронската аукција за избор на најповолен изведувач за изградба и реконструкција на овој значаен објект, кој досега беше мета на разни политички препукувања и реакции на граѓаните на Охрид. „ВИА“ ДОО Вевчани е компанијата со најповолна понуда, која на вчерашната електронска аукција ја доби довербата пред бугарско македонската компанија и за 194 милиони денари ќе го гради овој капитален објект. За овој тендер немало голема конкуренција бидејќи Министерството за здравство имало поставено строги критериуми. Првиот човек на „ВИА“ ДОО Вевчани, Ѓоко Угриноски, вели дека довербата која им ја дало Министерството за здравство ќе ја оправдаат.
Угриноски додава дека не очекуваат жалба после донесување на конечната одлука, бидејќи од правен аспект се било во ред и до крај на месецов ќе се отпочнат со градба. Вевчанската „ВИА“ е добро позната компанија со три децениско присуство во градежната сфера, не само кај нас, туку и пошироко, посебно во Словенија. Угриноски кажа дека во последно време работат на домашен терен и многу капитални објекти се нивно дело.
Надзор околу работите со охридската болница ќе врши германската фирма „Диви“, која има свое преставништво во Скопје. Но, она што е најважно во моментов, а за кое охриѓани сигурно ќе го држат Угриноски за збор е неговата најава за најквалитетна и најбрза можна изградба на општата болница во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град