Привршуваат зафатите со кои старото основно училиште во Вевачни ќе се претвори во современ туристички центар. Објектот ќе содржи музеј, галериии, конгресна сала. Во моментов се врши внатрешно уредување по што за многу брзо ќе следува свеченото отворање .
Привршува реконструкцијата на старото основно училиште и негово трансформирање во мултуифункционален туристички објект .
На површина од 1.400 квадратни метри ќе има конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејски поставки, фитнес сала, кафетерии и други комерцијални содржини.
Направен е технички прием на објектот, во тек се јавните набавки за внатрешно уредување.
„Проектот е веќе готов, треба да се распише јавен оглас на партерно уредува а потоа и опремување очекуваме на крајот на годинава или на почетокот на следната да имаме свечено отворање. Има корисна површина од 1400 квадрати во неколку наврати споменавме ке има фитнес центар, кафетерии , конгресни сали, музејски поставки, етно поставки“ , вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Вевчани.
Општина Вевчани поседува богато културно богатство, кое ќе биде презентирано во музејот во рамките на објектот, а се одликува и со убава природа, во која може да уживаат туристите кои ќе ја посетат . Во музејот ќе бидат поставени предмети кои го карактеризираат духот на Вевчани. Главна секако ќе биде етно поставка за Василица и познатиот карневал.
„Ќе има поставка од зштитеното подрачје на Јабланица, ќе има етно музеј од Василица, поставки до народните носии во Вевчани ке може да го кроситат локалите етно рестораните за семинари и од локалните населб за семинари и тим билдинзи. 0145 Тој ќе бида затворен ќе се наплатува на влез и ќе може да се користи целиот комплекс“, додава Јанкоски.
Овој современ објект ќе придонесе за збогатување на туристичките содржини во општина Вевчани. Изградбата на туриситчкиот центар во Вевчани е во рамките на проектот з а локална и регионална конкурентност за збогатување на туристичката понуда со нови производи, како и за подобрување на пристапноста и туристичката инфраструктура.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град