Вевчани и Дебрца сакаат настава со физичко присуство

Во училиштето „Страшо Пинџур“ во Вевчани и ОУ Дебрца во Белчишта според локалните самоуправи на општините има услови за одвивање настава со физичко присуство. Очекуваат Комисијата за заразни болести позитивно да се изјасни по нивните барања.

 |  Соња Рилковска  | 


Во Вевчани наставата ќе се одвива со физичко присуство на учениците. Дури 96% од  родителите се изјасниле за образование  во училница, само4 % за онлајн учење.
Од октомври во училиштето „Страшо Пинџур“  школовањето ќе започне за 200 основци. Надлежните велат се` е подготвено, набавени се  бесконтактни топломери, дезинфекциони средства. Подготвени се протоколи за влегување на учениците низ три засебни влезови.

„Во контакт сме со министерството, работат на протоколите. Училиштето во Вевчани ги задоволува сите  услови што ги пропишува комисијата за здравство. Има три влеза има паралелки со поалку од 20 ученици. Немаат никаков контакт. Мислам дека комисијата за здравство ќе одлучи да даде шанса физичка настава“, вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Вевчани.

Наставата ќе се одвива во две смени  во 16 кабинети со редуцирани паралелки. Се чека комисијата да изврши увид и да даде дозвола за настава со физичко  присуство.

„Колку што сум информиран од минситерката пред да дадат дозвола комисијата и министерството ќе направата пробада се види како ќе се одвива наставата во еден ден па потоа ќе одлучат дали може да продолжи или не“, додава Јанкоски.  

И општина Дебарца  предлага физичко присуство на учениците. Советот на општина Дебрца донесе одлука воспитно-образовниот процес во ООУ  “Дебрца” – Белчишта во учебната 2020/2021 година, а во услови на КОВИД 19  да се реализира со физичко присуство на учениците, информираат од општина Дебарца.  И таму се чека одлука од Владата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top