Вевчанци Новата 2015 година ја дочекаа во мрак, револтирани формира Кризен штаб.
Вевчани е во вонредна состојба. За прв пат во послените 50 години се случува вевчанци Нова година ја дочекаат во мрак. Во Вевчани е тажно, 5 дена жителите се без струја, интернет и телефонска комуникација , отсечени од светот, вели првиот човек на општината Цветомир Угриноски.
„ Откажани се сите ресторани и хотели, а се очекуваа гости од странство и земјата, луѓето се во исчекување кога ќе добијат струја и ништо не работи“, посочува Угриноски.
Градоначалникот Угриноски за утре најави прес во Охрид затоа што за тоа нема услови во Вевчани, за да ги каже сите проблеми на неговите граѓани за кои вели дека секогаш е со нив и ги поддржува во сите одлуки. Вевчанци формираа кризен штаб и испратија соопштение до јавноста.
Во него се вели
упатуваме јавен повик до најодговорните лица на ЕВН-Македонија во периодот од 10 до 15 јануари 2015 година да го посетат Вевчани во кој ќе биде одржан работен состанок. Доколку ЕВН-Македонија, одлучи да не одговори позитивно на овој јавен повик да дојде во Вевчани,тие информираат дека граѓаните на Вевчани ќе дојдат пред седиштето на оваа компанија во Скопје и со нив ќе ги донесат сите расипани месни и други продукти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град