Во Вевчани и оваа година се случи најголемиот театар на отворено. Вевчанската сатира овојпат најмногу ја почуствува ЕВН. Карневалската манифестација традиционално ја отвори министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска која рече дека Вевчанскиот карневал е бренд на нашата држава кој ја негува традицијата и обичаите.
48 часовна апсолутна слобода на телото и умот. Тоа е нараскинлив дел од традиционалниот вевчански карневал и на сите учесници во него, кој веќе бележи 1400 години од своето постоење. Во овај театар на отворено продефилираа повеќе од 1000 василичари носејќи интересни маски. И овој пат карневалските маски беа инспирирани од личности и настани кои ја одбележаа 2014 година. Вевчанската сатира оваа година најмногу ја почуствува ЕВН.
Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва. Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги корени привлече бројни домашни и странски туристи кои беа пријатно изнендаени од карневалската манифестација.
На манифестација беше присутна и министерката за култура Елизабета Канческа Милелска која рече дека Вевчанскиот карневал е бренд на нашата држава кој ја негува традицијата и обичаите.
Вевчанскиот карневал десет години се одржува под покровителство на Министерството за култура и во континуитет расте бројот на домашните и странските посетители кои секоја година се дел од оваа престижна манифестација која ги презентира автентичните особености во негувањето на традиционалните обичаи за празникот Василица, додаде Канческа –Милевска.
Вевчанскиот градоначалник Цветомир Угринсоки е задоволен од организацијата на кареневалската манифестација. Синоќа во Вевчани престојувале голем број гости од земјава и странство, кажа Угриноски, а уште поголема посетеност се очекува вечерва.
Во Вевчани се слави три дена. Синоќа имаше неколку илјади луѓе. Двата концерти поминаа прекрасно. За среќа имавме и струја. И вечерва ќе има зошто јас ќе бидам василичар за висок напон, шеговито рече градоначалникот на Вевчани.
Пред полноќ ќе се избира најкретаивната маска, а за најдобрите ќе се додели буре со Вевчанска Крв, односно вино. Учесниците на карневалот вечерва ќе ги забавува етно групата „Љубојна“ и Елена Велевска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град