Весели лазарки го најавија Велигден пеејќи лазарски песни низ охридската чаршија

Денес е Лазарева сабота. Убавата традиција на пеење лазарски песни облечени во традиционална невестинска облека, втора година со ред се обидуваат да ја популаризираат младите играорки од КУД „Ѓердан“ од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
lazarki
лазарки

Денес е христијанскиот празник Лазарева сабота, лазарици или Лазаровден. На овој ден лазарките го најавувале доаѓањето на пролетта и Велигден. Има повеќе лазарски песни кои обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.

lazareva sabotaМладите играорки од КУД „Ѓердан“ од Охрид втора година со ред се обидуваат да ја популаризираат подзаборавената традиција на лазарките.  Тие од рано утринава облечени во традиционална невестинска облека, пеејќи ги лазарските песни шетаа низ стариот дел на градот.

„Денеска е лазарева сабота и денеска одиме по куќи и собираме јајца и пари и ова е веќе втора година каде што нашето уметничко друштво КУД „Ѓердан“ заедно одиме по куќите.“

„Тргнавме од 9 часот и после тоа отидовме в црква и од таму одевме по пат, имаше туристи, не застануваа, се сликаа со нас, ни даваа пари, јајца некои луѓе.“ -рекоа дел од младите лазарки.

lazarki KUD GerdanЛазарова сабота е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, или точно една недела пред најголемиот празник Велигден. Во христијанството овој празник ја означува победата на животот над смртта. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота како и на утрешниот празник Цветници обичај е да се носат гранчиња од врба. Инаку, празникот Цветници меѓу народот е познат уште и како Врбица, затоа што во храмовите се носат врбови гранки кои ги симболизираат палмините гранки, со кои христијаните го поздравиле доаѓањето на Спасителот во Ерусалим.

lazarkiЗа обичаите и верувањата на народот поврзани со Лазара и Цветници дознаваме од записите на собирачите на народни преданија и умотворби. Евтим Спространов забележал дека во Охрид, Лазара се празнувала на Цветници, а во Струга во сабота. На Цветници пак се раздавале цвеќиња, особено зеленика и дафина, кои се чувале пред иконата во домот. Во зборникот на браќата Миладиновци покрај повеќето лазарски песни среќаваме податок и за изведувањето на овој обичај во Струга, во половината на минатиот век. „Рано децата оделе по куќите со шарени стапчиња. Тој ден, а и на Цветници се собирале девојките по маалата дотерани како невести.  Во Струга Лазара се славело три дена и тоа: петокот, кога се навестувал празникот, саботата – „Дај ми пара Лазаре“ и неделата – Цветници или „Вијур, вијур Гајдано.“

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top