Македонија бара начин како да се спречи верскиот радикализам кај младите

Македонија бара начин како да се спречи верскиот радикализам кај младите и нивното приклучување во борбите во Сирија и Ирак. Припадници на  разузнавачки и безбедносни служби од регионов , но и пошироко како и три меѓународни организации на оваа тема разговараа зад затворени врати.

 |  Јаковлева Лионела  | 
terorizam
тероризам

 

Припадници на  разузнавачки и безбедносни служби од регионов , но и пошироко како и три меѓународни организации седна на заедничка маса со цел да се изнајдат начини како да се спречи верскиот радикализам кај младите и нивното приклучување во борбите во Сирија и Ирак. На овој собир присуствуваше и тероризамминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска која рече дека ваквите настани се од исклучително значење за размена на информации и искуства помеѓу службите кои се грижат за националната безбедност во државите. Министерката кажа дека за прв пат на овој собир се отвориле прашања околу превенцијата од ваквата појава која зема се поголем замав. Таа нагласи дека превенцијата мора да започне кај младите луѓе и тоа најпрво во семејството, па во образовниот систем, социјалните установи како и целокупното општество.

Евидентно е дека не само земјите од регионот туку и светот  во последниот период  се соочува со предизвици кои во минатото не беа познати и затоа прашањата поврзани со злоупотреба на религијата со екстремна радикализација која води кон насилство  и тероризам се прашања за кои ние мора заеднички да делуваме, рече министерката.

terorizamТони Јакимовски, националниот координатор за борба против тероризмот ги потенцираше активностите кои ги превзема државава не само преку координација на службите туку и преку превземање на правни мерки со кои се санкционираат активистите во паравоените формации. Јакимовски нагласи дека најчесто лицата кои нелегално одат на боиштата во Ирак и Сирија го користат правото на легален тримесечен престој во Турција од каде се префрлуваат во овие критични земји. Најчесто тие го запазуваат рокот од три месеци по што се враќаат во државава, а по некое време повторно заминуваат, објасни Јакимовски. Тој додаде дека државава ќе ги превземе  сите мерки за спречување на ваквата појава.

Мислам дека одиме на тоа да се намали интензитетот на заминување во овие критични замји, а тоа ќе го направиме само со сузбивање на радокализацијата, Ако успееме да ја намалиме сме ја постигнале целта, рече Јакимовски.

Инаку, состанокот кој се одржува во хотел Метропол е во организација на Управата за безбедност и контраразузнавање на Република Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top